Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед и Челси размислуваат за сензационална размена

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед и Челси се обидуваат да направат промени во составите во јануарскиот преоден рок, а англиските медиуми тврдат дека можат да изреализираат сензационална размена.

Тема на преговори се Алехандро Гарначо и Кристофер Нкунку, фудбалери кои имаат различни позиции во офанзивниот дел, а очигледно им се попотребни на клубовите кои не располагаат со нив.

Заедничко за Гарначо и Нкунку е што се блиску до заминување од своите клубови, при што во случајот на Аргентинецот, Јунајтед е расположен за негова продажба поради предноста која ја носи трансферот на „производ на академијата“ и олеснувањата во однос на финансискиот фер плеј.

Нкунку пак е незадоволен од својот статус во Челси и инсистира да го напушти Лондон, а досега беше најблиску до заминување во редовите на Баерн Минхен.

Сличната трансфер вредност на Гарначо и Нкунку ја прават оваа размена реална, но германскиот новинар Флоријан Плетенберг потенцира дека првичната желба допрва треба да се претвори во конкретни преговори.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни