Поврзете се со нас

Лига Европа

Јунајтед го скрши отпорот на Копенхаген со гол на Бруно во продолжението (Видео)

Објавено

на

Манчестер Јунајтед можеше многу порано да ги реши прашањата околу патникот во полуфиналето во Лига Европа, но на крајот мораше да одигра продолженија против Копенхаген за да се најде меѓу најдобрите четири на завршниот турнир во Германија.

Играчите на Јунајтед немаа среќа во регуларниот дел и дури во три наврати го погодуваа дирекот, а еднаш им беше поништен и гол по офсајдот на талентираниот Гринвуд.

Копенхаген со крајни маки успеа да се избори за дополнителни 30 минути игра, но при самиот старт на истите, Антони Марсијал се избори за пенал, а најстрогата казна уште еднаш прецизно ја реализираше Бруно Фернандеш.

Португалецот едноставно ја презема одговорноста за пеналите откако пристигна во клубот, а мора да се напомене дека му оди многу подобро во споредба со неговите претходници. Бруно прецизно реализираше и погоди за 1:0 во 94-та минута, а тоа се покажа како доволно за пласман во полуфиналето.

Јунајтед секако е еден од главните фаворити за осовјување на трофејот во Лига Европа, а во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Севилја-Вулверхемптон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни