Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед го постигна најбрзиот гол во оваа сезона, Аморим стартуваше без победа (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед не успеа да дојде до посакуваниот резултат во пресметката со повратникот во Премиер лигата составот на Ипсвич со кого ремизираше 1-1 во дебито на тренерот Рубен Аморим.

„Црвените ѓаволи“ важеа за фаворити во овој меч кој одлично го започнаа и по 81 секунда дојдоа до водство преку Рашфорд. Ова за клубот од Манчестер беше најбрз постигнат гол во актуелнава кампања, но по истиот не покажа доволно, му ја препушти иницијативата на противникот кој имаше неколку добри шанса за да во 43 минута Хачинсон го израмни резултатот.

Со овие 1-1 се замина на одмор по кој немаше премногу возбудувања во вториот дел и може да се заклучи дека поделбата на бодовите е повеќе од реална.

Јунајтед со 16 бода е на 12 позиција, Ипсвич со 9 го држи 18 место.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни