Англија
Јунајтед го обезбеди потписот на миленикот на фановите: Тука е за да остане!
Манчестер Јунајтед вечерва излезе со позитивна вест за сите свои фанови, кои со нетрпение очекуваа официјална потврда за најавеното продолжување на договорот со еден многу важен играч.
Се работи за талентираниот Амад Диало, фудбалер кој веќе го потврди својот потенцијал на најважните премиерлигашки соочувања, а кој сега ќе биде под договор со „црвените ѓаволи“ до 2030 година.
– Амад Диало е тука за да остане, – гласи краткиот опис на веста, објавена на профилот на „Икс“ на Јунајтед, а со која е официјализирана информацијата за новиот договор на 22-годишниот играч.
Откако дојде во клубот, интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска одигра 50 натпревари и постигна 9 голови за Јунајтед, а сезонава веќе има 6 голови и 7 асистенции.
– Навистина сум горд што го потпишав овој договор. Веќе имав неколку неверојатни моменти со овој клуб, но претстојат уште многу такви. Имам огромни амбиции и сакам да испишувам историја со Манчестер Јунајтед, – истакнал Диало во својата прва изјава.
✍️ @AmadDiallo_19 is here to stay! ❤️#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) January 9, 2025
-
Англија12 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Шпанија18 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Шпанија19 часа
Мартинез: Знаеме каде да го нападнеме Реал
-
Македонија14 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Репрезентација7 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија5 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Италија19 часа
Консеисао по првиот кикс како тренер на Милан: 13 години сум дел од оваа работа и немам видено нешто полошо!
-
НБА17 часа
Морант со две лудории во низа донесе драматична победа за Мемфис (Видео)