Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед донесе конечна одлука за Гринвуд, напаѓачот се огласи со официјално соопштение

Објавено

на

Foto:instagram.com/masongreenwood

Манчестер Јунајтед после неколкумесечна истрага, ова попладне донесе конечна одлука за случајот „Мејсон Гринвуд“, фудбалер кој поради сериозни обвиненија од судот во Британија, беше „замрзнат“ од клубот повеќе од една година.

Гринвуд имаше неколкукратни обвинувања за силување и сексуален напад и долго се влечеше по судови, па иако во месец февруари оваа година беше ослободен од било каква одговорност, Манчестер како клуб реши да отвори своја интерна истрага.

После пола година, клубот од „Олд Трафорд“ попладнево излезе со соопштение дека не се пронајдени докази за сериозни престапки од страна на Гринвуд, но сепак за добриот имиџ на клубот, но и за самиот фудбалер, донесено е одлука да биде отпуштен и да ја продолжи кариерата на друго место.

Мејсон од денеска е слободен агент и ќе може слободно да потпише за било кој клуб кој сака да го види во своите редови.

– Сакам да започнам со ова: Ги разбирам луѓето кои ќе ме осудуваат поради она што го виделе и слушнале за мене на социјалните мрежи, и знам дека луѓето ќе го мислат најлошото. Воспитан сум и знам дека насилството или злоупотребата во која било врска е погрешна, не ги направив работите за кои бев обвинет, а во февруари бев ослободен од сите обвиненија.

– Сепак, целосно прифаќам дека направив грешки во мојот однос во дадените врски и го преземам мојот дел од одговорноста за ситуациите што доведоа до објавата на социјалните мрежи. Денешната одлука беше дел од процесот на соработка помеѓу Манчестер Јунајтед, моето семејство и мене. Најдобрата одлука за сите нас е да ја продолжам фудбалската кариера подалеку од „Олд Трафорд“, каде што моето присуство нема да го одвлекува вниманието на клубот. Му благодарам на клубот за поддршката откако се приклучив на седумгодишна возраст. Секогаш ќе има дел од мене кој е посветен на Јунајтед. Посебно сум благодарен на моето семејство и на сите мои најблиски за нивната поддршка, и сега ми останува да ја вратам довербата што ја покажаа оние околу мене. Имам намера да бидам подобар фудбалер, но најважно е бидам добар татко, подобра личност и да ги користам своите таленти на позитивен начин на терено, но и надвор од него, – вели Гринвуд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни