Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)

Објавено

на

Манчестер Јунајтед нема да остане мирен во завршницата на зимскиот преоден рок и како што стојат работите ќе обезбеди засилување од германскиот шампион Баерн Минхен.

Повеќе медиуми пренесуваат дека премиерлигашот ќе биде посилен за австрискиот репрезентативец, Марсел Сабицер. Премииерлигашот подолго време нема да може да смета на услугите на повредениот Кристијан Ериксен, па се активира на пазарот при што изборт паднал на Сабицер кој треба да пристигне на позајмица до крајот на сезоната.

foto: www.forbes.com

Марсел не беше во прв план кај Нагелсман во актуелнава кампања, но сега има нов предвизвик кој ќе биде комплетиран откако ќе ги мине медициските прегледи.

Сабицер има 28 години и досега има играно уште за Адмира Вакер, Рапид Виена, Лајпциг и Салцбург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни