Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед без проблеми се согласи да ја плати провизијата и го добива напаѓачот кој беше договорен од Милан!

Објавено

на

foto:x.com/BolognaFC1909en

Милан практично го имаше договорено Џошуа Зиркзе и планот беше да биде играчот кој ќе ја наследи „9-та“ која ја остави празна Оливие Жиру, но Златан Ибрахимовиќ реши да не ги исполнува желбите на неговите агенти, односно одби да плати 15 милиони евра во вид на провизија.

Оваа одлука на Златан и останатите директори на Милан ја оставија вратата отворена за другите европски великани, а бидејќи парите не се проблем за англиските клубови, Манчестер Јунајтед прилично брзо ја комплетираше операцијата.

Како што јавуваат угледните англиски новинари и медиуми како „Скај Спортс“ и „Атлетик“, Јунајтед ги прифатил сите барања на Болоња, па во наредните неколку часа се очекува Зиркзе да фати авион и да се упати кон Манчестер.

Висината на трансферот ќе изнесува измеѓу 40 и 42 милиони евра, но Јунајтед се согласил да плати и 15 милиони евра како провизија, ставка која беше пресудна да колабира договорот меѓу Милан и Болоња.

На овој начин, Јунајтед ќе добие нов напаѓач во својот тим за новата сезона, односно Ерик Тен Хаг ќе добие уште еден сонародник во Џошоу Зиркзе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни