Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед без двајца важни играчи на гостувањето кај Реал Сосиедад

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед утре му гостува на Реал Сосиедад во осминафиналето на Лига Европа, а менаџерот Рубен Аморим во Шпанија нема да смета на двајца важни играчи.

Англиските медиуми одбележаа дека Хари Мегваер и Мануел Угарте заработиле поситни повреди и го пропуштиле денешниот тренинг на Јунајтед, а се очекува да бидат поштедени за европското гостување во Сан Себастијан.

Мегваер и Угарте се повредиле на куп пресметката со Фулам, на која Јунајтед доживеа пораз на пенали и елиминација, што истовремено го зголемува притисокот за екипата во Лига Европа.

Манчестер Јунајтед остана во игра за трофеј само во ова европско натпреварување и ќе се обиде да дојде до позитивен резултат на гостувањето, односно подобар скор во двомечот со шпанскиот ривал.

Натпреварот се игра утре од 18:45 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни