Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед беше во нокаут до 82. минута, Диало спречи срам на „Олд Трафорд“ со хет-трик за паметење (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед тешко освојува бодови и кога игра против најслабите екипи во Премиер лигата, нешто во што се уверија верните фанови на „Олд Трафорд“ и на натпреварот против „фенерџијата“ во англиската елита.

Саутемптон се покажа како тврд орев за фаворитот и во првото полувреме беше и подобар противник на теренот, па понесени од добрата игра во овој дел, избраниците на Иван Јуриќ одолеваа и го бранеа водството до 82-та минута.

Автоголот на Угарте по еден карамбол пред крајот на првиот дел резултираше со предност за „светците“, а овој резултат беше активен до осум минути пред крајот на регуларниот дел.

Јунајтед делуваше грогирано и покрај тоа што создаде неколку стопроцентни шанси, но кога многу напади почнаа да изгледаат јалово, на сцена стапи Амад Диало.

Најдобриот играч на Јунајтед во последно време со доза на доста среќа ја задржа топката и погоди за 1:1 во 82-та минута, а потоа до крајот прерасна во вистински херој со уште два гола во мрежата на Саутемптон.

Диало повторно блесна во 90-та минута со мајсторска завршница по додавањето од Ериксен, додека финишот за паметење го заокружи во 94-та кога погоди по големата грешка на противничкиот дефанзивец за конечни 3:1.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни