Поврзете се со нас

НБА

Јуинг: Последниот танц и Џордан? Не можев повторно…

Објавено

на

Патрик Јуинг во својата кариера како играч на Њујорк Никс загубу многу битки со Мајкл Џордан и Чикаго Булс, па признава дека му било многу тешко да го гледа документарецот „Последниот танц“ во кој се зборуваше за Ем-Џеј и славната генерација на „биковите“.

-Сè што беше прикажано во документарецот еднаш веќе го преживеав, бев набљудувач на застрашувачката доминација на биковите. Знаев малку да погледнам од докуметарецот, ама потоа ќе го изгаснев и ќе почнев нешто друго да работам. Не можам пак тоа да го преживувам.

-Документарецот сега става сол на мојата рана. Знам дека Мајкл е одличен, поминав низ сето тоа. Бевме тим кој секогаш мораше да се соочува со Чикаго. Игравме шест пати и само еднаш успеавме да поминеме. Сепак тоа не се смета, тогаш Џордан не играше за Булс, -истакна Јуинг пред кого сега е борба со коронавирусот.

Патрик Јуинг заврши во болница-позитивен на КОВИД-19

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни