Италија
Југовиќ му предложи нов тренер на Јувентус и порача: Сите знаеме зошто не игра Влаховиќ

Медиумите од Апенините често ги контактираат италијанските легенди кои ги бранеа боите на Јувентус за да ја изанализираат кризата која владее во великанот од Торино, но сега „Газета“ стапи во контакт и со една балканска фудбалска ѕвезда, Владимир Југовиќ.
Некогашниот југословенски репрезентативец во дел од својата кариера настапуваше и за Јувентус, а како човек кој многу добро го познава опкружувањето во Торино, смета дека победничкиот и шампионски менталитет налага нешто поразлично од стратегијата која ја негува Тиаго Мота.
– Кога јас бев во Јувентус, тешко се прифаќаше и реми на гостински терен, а не два порази како оние последните од Аталанта и Фиорентина. Овие порази јасно укажуваат на тоа дека нема добар баланс во тимот, не можам да замислам што би се случило во мое време ако тимот примеше седум гола на два натпревари.
– Тиаго Мота е тренер и има својата одговорност, но сите се виновни за оваа ситуација. Ако клубот верува во овој проект со подмладување на екипата, тогаш нека продолжат со Мота. Но, ако сакаат да се вратат на менталитетот кој го негува Јувентус, мора да се донесе тренер кој е победник и кој знае што прави, – вели Југовиќ во интервјуто, во кое го споменува Антонио Конте како идеален кандидат.
– Антонио Конте е гаранција за мене. И како играч и како тренер, тој беше победник. Освои многу трофеи и како тренер, не е случајно што сега Наполи се бори за титулата. Конте го познава Торино, добро го познава опкружувањето во Јувентус и веќе беше протагонист и на теренот и на клупата, – анализира Југовиќ, кој исто така додава дека Душан Влаховиќ ја загуби стартерската улога поради нефудбалски причини, односно поради несогласување со Мота.
– Сите знаеме зошто не игра Влаховиќ, а не станува збор за техничка причина. Ако се прашувам јас, би го продал Кенан Јилдиз за 70 или 80 милиони евра. Јувентус и во минатото заработувал од своите големи ѕвезди, таков пример е Виери, но заработувал и од шампиони како Зинедин Зидан, – завршува Југовиќ.
-
Англија15 часа
Тренерот на Кристал Палас откри дека посебно таргетирале еден играч на Арсенал
-
Македонија4 часа
Украинецот во елемент во клучен момент: Мајсторијата на Горига за победа на Вардар во Битола (ВИДЕО)
-
Шпанија17 часа
Анчелоти беснееше по играч на Реал, па веднаш го извади од игра: Ова не е театар! (Видео)
-
Шпанија10 часа
Тежок удар пред „Ел Класико“: Реал соопшти најлоша вест за Камавинга (Фото)
-
Германија14 часа
Баерн се откажува од талентираниот Шпанец за кој се крена голема врева пред 18 месеци
-
Италија16 часа
Инѕаги: Мора да му честитаме на Милан за тоа што ни го направи оваа сезона
-
Италија12 часа
Инѕаги беснееше по четвртиот судија и му забрани да покаже петминутно продолжение (Видео)
-
Македонија4 часа
Одличниот Вардар го урна Пелистер во Битола и сега е во пол-позиција за титулата