Јубилејот на Мотоцентар во знакот на општествената одговорност

motocentar 1

Компанијата „Мотоцентар“ одбележи 25 години од своето постоење и работа на македонскиот пазар, при што на прес конференцијата пред новинарите стави акцент на својата општествена одговорност.

Во таа смисла, беа наброени повеќе проекти кон кои што компанијата дала свој придонес, почнувајќи од поддршката на Специјалната олимпијада, соработката со автомобилистот Игор Стефановски Иџе, како и со меѓународната асоцијација за рак на дебелото цревео (DFCCA).

Во рамки на настанот, во организација на „Мотоцентар“, се одржа и првата изложба во Македонија на модели од најуспешното произведено возило во светот – „Porsche 911 Carrera“.

– Исто како и нашата компанија, и овој модел на автомобил тежнеел низ времето да стане најдобар и да ги задоволи барањата на купувачите,- рече Моника Бошкоска.

По повод јубилејот на компанијата, најавени се и дополнителни бенифиции за купувачите кои ќе го најдат она што ги задоволува нивните потреби во асортиманот на „Мотоцентар“.

motocentar monika

Facebook Коментари