Поврзете се со нас

Репрезентација

Јубилеј: Поминаа точно 30 години од првиот натпревар на македонската фудбалска репрезентација

Објавено

на

Foto:ffm.mk

Македонија утре ќе игра квалификациски меч против Украина во Прага, но на еден ден пред дуелот, нашата најсилна фудаблска репрезентација слави еден јубилеј кој е вреден за одбележување.

На денешен ден пред точно три децении, македонската фудбалска репрезентација го одигра првиот официјален натпревар како самостојна држава, а на истиот оствари победа над Словенија во Крањ.

13-ти октомври 1993-та година беше денот кога започна историјата на македонската репрезентација, која тогаш беше водена од селекторот Андон Дончевски.

Легендарниот Дончо ги мотивираше македонските фудбалери првпат да одиграат достојно за својот грб, а првиот гол во нашата историја беше дело на Зоран Бошковски – Чоко

– Горд сум на голот-првенец за Македонија, ќе го паметам засекогаш. Дарко Панчев нафрли од левата страна, јас ја следев акцијата, натрчав на топката и гол, радоста беше голема. Прв меч за Македонија, под ново знаме, химна, тоа беше нешто посебно, не се заборава. Атмосферата на стадионот во Крањ беше прекрасна, имаше неколку илјади Македонци, кои дојдоа да н  поздрават и да не бодрат, – вели Бошковски во сеќавањето на незаборавниот ден.

Словенија – Македонија: 13 октомври 1993 година, Крањ:

Стрелци: 0-1 Бошковски 3. минута, 0-2 Панчев 37 (пенал), 1-2 Пате 40, 1-3 Јаневски 48 (пенал), 1-4 Канатларовски 51. минута. Жолти картони: Глиха, Георгиевски и Најдоски. Градски стадион во Крањ „Станко Млакар“. Гледачи: 3.000. Судии: Драгутин Карло Пољак (главен), Дарко Цвитковиќ, Иван Петек (сите од Хрватска).

СЛОВЕНИЈА: Марко Симеунович (од 58. минута Бранко Зупан), Грегор Жидан (58. Алфред Јерманиш), Џони Новак, Дарко Миланич, Грегор Блатник, Андреј Пољшак (61. Роберт Енгларо), Алеш Чех, Самир Зулич (37. Јанез Пате), Златко Захович, Сашо Удович (46. Примож Глиха), Матјаж Флоријанчич. Селектор: Бојан Прашникар.

МАКЕДОНИЈА: Зоран Мицевски, Кире Грозданов (63. Неџмедин Мемеди), Зоран Јованоски, Драги Канатларовски, Чедомир Јаневски, Илија Најдоски, Зоран Бошковски (86. Ванчо Мицевски), Љупчо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски (12. Горан Георгиевски, 73. Сашо Милошевски), Тони Мицевски. Селектор: Андон Дончевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни