Ју-Ес Опен: Надал се најде во полесната половина, Ѓоковиќ и Федерер ќе имаат сериозни испити

novak-us

По фантастичниот тенис кој го гледавме на турните како загревање за Ју-Ес Опен, ова попладне организаторите на грен-слем турнирот во Њујорк ја извршија толку очекуваната ждрепка, а истата ни донесе најава за спектакуларни дуели на Флешинг Медоус.

Она што е највпечатливо е тоа дека може да гледаме реприза на епското финале од Вимблдон во полуфиналната рунда, бидејќи првиот носител Новак Ѓоковиќ и третиот фаворит Рожер Федерер се најдоа на иста страна од костурот. Новак и Рожер може да се сретнат само во полуфиналето, а претходно според проекциите, Швајцарецот во четврфиналето би требал да игра со Нишикори, додека Новак со разиграниот Данил Медведев од кого загуби во полуфиналето во Синсинати. Претходно, Федерер ќе треба да ги мине Лукас Пуј и Давид Гофан за да стигне меѓу осумте најдобро, додека Новак ќе игра или против Вавринка, или против поранешниот финалист Андерсон.

На другиот дел од ждребот прв фаворит за пласман во финалето е Рафаел Надал, кој во четвртфиналето би требало да се соочи со Александер Зверев, додека во полуфиналето или со Стефанос Циципас, или со Доминик Тим доколку нема некои големи изненадувања кои сепак не се исклучуваат.

Инаку, Рафа турнирот ќе го стартува со меч со Милман, Рожер Федерер со квалификант, додека бранителот на титулата Ѓоковиќ со Карбалјес Баена.

Facebook Коментари