Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Јовиќ за соочувањето со Алборг: Верувам ќе се издигнеме, ќе одиграме во рамките на нашите можности

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Еурофарм Пелистер го загуби вчерашното дерби против Вардар 1961 во Суперлигата, но нема простор за тагување, дополнителна анализа затоа што македонскиот првак го очекува нов сериозен испит, овојпат во Лигата на шампионите каде ќе се соочи со Алборг.

Алборг е екипа која има огромно амбиции во оваа сезона, вложува многу во тимот и ќе биде многу тешко да се направи нешто повеќе на средбата која во среда се игра во Данска.

Тренерот Александар Јовиќ се надева дека неговите момци ќе се издигнат и ќе се прикажат во најдобро можно светло против составот кој минатата седмица го совлада Кјелце на негов терен во Полска.

-Втор натпревар по ред играме против скандинавски ривал. Не треба да се трошат зборови за Алборг. Оваа екипа неодамна играше и финале на Лигата на шампионите, а сега се засилени со ракометари како Ландин и повратникот Хансен. Верувам дека ќе се издигнеме, ќе одиграме во рамките на нашите можности и достојно ќе го претставиме македонскиот ракомет, -порача Јовиќ.

Да посетиме „фармацевтите“ во првата рунда беа поразени од Колстад со 31-22.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни