Германија
Јовиќ се отвори: Не можев да разговарам со Зидан

Лука Јовиќ во овој зимски преоден рок си замина од Реал Мадрид и се врати во Ајнтрахт Франкфурт каде ќе игра како позајмен играч до крајот на актуелнава сезона.
Ако се суди по самиот старт, тогаш Јовиќ направи вистински избор затоа што постигна три гола на два натпревари за бундеслигашот и тоа влегувајќи од клупата за резерви. Токму оваа негова реакција, погодоците отворија многу прашања за тоа зошто не можеше да проработи во Реал, кој е виновникот, па самиот Јовиќ се обиде да одговори на истите.
-Имав многу пехови во Мадрид, повреди и приватни проблеми за кои сум и за кои не сум виновен. Сакав да се вратам тука да играм и да бидам среќен. Тоа е предност за играчот, кога имам доверба од тренерот и кога играм често. Јас напредував многу со самото тоа што тренирав со нив. Тие се одлични професионалци и меѓу најдобрите играчи во светот на своите позиции. Собрав неколку трикови, дојдов како поискусен и во разговорот со тренерот за враќање во Ајнтрахт истакнав дека имам впечаток дека сум напредувал иако не играв. Исто така зборувавме дека ќе ми треба време да се вратам во форма, во кондиција, -истакна Лука кој направи споредба меѓу Зинедин Зидан и Ади Хитер.
-Не сакам сега да навлегувам во детали. Се работи за феноменални тренери. За Зидан веќе реков дека тој е многу искрен и феноменален човек. Имам подобра комуникација со Ади затоа што двајцата зборуваме англиски. Во Шпанија не можев да ја направам таа комуникација со Зидан. Тој не зборува англиски, јас не зборувам шпански … Но, обајцата се одлични тренери и одлични луѓе, -рече напаѓачот кој мораше одново да одговори зошто имаше проблеми во Реал.
-Немам некој посебен одговор на тоа прашање. Не играв толку многу, не добив мечеви во континуитет и многу е тешко да се влезе во форма, особено за напаѓач со мала минутажа. Таму притисокот е поголем, секако оти е поинаку. Екипите играат поинаку против Реал и се бранат. Кога имаш резултат, тогаш и ти малку се браниш, кога ќе влезеш во игра немаш толку шанси за гол… Тука е поинаку и почувствував дека ова може да биде вистинскиот потег во овој момент, -порача српскиот репрезентативец.

- Англијапред 22 часа
Еден од играчите на Челси се налутил на Тухел и одбил да преговара за нов договор
- Шпанијапред 22 часа
Интересен момент по крајот на натпреварот на „Камп Ноу“: Голманот на Елче се возбуди кога Меси му го побара дресот (Видео)
- Лига на шампионипред 21 час
Зидан искрен по победата над Аталанта: Не бевме најдобри иако имавме играч повеќе
- Англијапред 23 часа
Тотенхем тргнува по незадоволниот фудбалер на Манчестер Јунајтед
- Лига на шампионипред 21 час
Менди со супер гол во финишот го проби бедемот на Аталанта, Манчестер Сити без проблем во Будимпешта (Видео)
- Лига на шампионипред 12 часа
Зидан откри интересна анегдота за стрелецот на голот и нагласи: Ова беше воиграна акција од тренинзите! (Видео)
- Лига на шампионипред 12 часа
Бесниот Гасперини со предлог до УЕФА какви судии да делегира во иднина: Ова е самоубиство на фудбалот!
- Лига на шампионипред 22 часа
Капело за исклучувањето на Фројлер: Судијата го уништи натпреварот