Поврзете се со нас

Италија

Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Големото европско разочарување за Милан пристигна во најлошо можно време, но и покрај сите проблеми со ростерот, Стефано Пиоли денеска мораше да пронајде начин како да ги мотивира своите фудбалери.

„Росонерите“ успеаја да врзат две победи во Серија А и да се вратат на триумфален колосек во домашното првенство, бидејќи по трите бода освоени против Фиорентина, денеска на домашен терен го совладаа и Фрозиноне.

Милан успеа да победи и без Оливие Жиру кој го пропушти овој меч поради црвен картон, а оваа вечер ќе ја памети подзаборавениот Лука Јовиќ кој го постигна првиот гол во „црвено-црниот“ дрес.

Некогашниот напаѓач на Реал зафати добар волеј со лева и го донесе својот тим во водство, но далеку поатрактивен беше погодокот кој го постигна Кристијан Пулишиќ на стартот на вториот дел.

Американскиот репрезентативец со маестрален прием ги воодушеви фановите и направи голманот Мајк Мењан да биде асистент на вториот гол, кој беше само најава за победата која ја осигураа „росонерите“.

Томори во продолжение зголеми на 3:0 по асистенција на Јовиќ, а конечните 3:1 ги постави Брескијанини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни