Јовиќ: Само на еден начин можеме да ја придобиеме публиката

Metalurg-Jovic

Ракометарите на Металург по двете средби во Лигата на шампионите против Мотор Запорожје и Чеховски Медведи комплетно се фокусираат на дуелиот против Горење Велење кој е последен пред неделата на ЕХФ.

Истиот се игра во среда од 18:45 часот во „Борис Трајковски“, а во него „металурзите“ ќе влезат со една цел, да одиграат посветено и борбено.

– Натпреварат со Горење ни е последен пред неделата на ЕХФ и е добар тест за нашите поставени цели. Примарна цел во оваа фаза од сезоната е да играме подобро, поборбено во од натпревар во натпревар, да си помагаме еден на друг и да не го штедиме своето тело, зошто само така можеме да ја придобиеме публиката. Таа знае да процени дали една екипа игра борбено. Во напад мора да играме до конретна шанса за удар, а со тоа воедно да се почитуваме самите, клубот и публиката. Резултатот ни е во втор план, -рече тренерот Александар Јовиќ.

Клубот од Автокоманда по пет кола има учинок од две победи и три порази.

Facebook Коментари