Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Јовиќ: Промашивме многу зицери, не заслуживме пораз од девет разлика

Објавено

на

foto: Eurofarm Pelister

Составот на Еурофарм Пелистер не успеа да оствари позитивен резултат на првиот меч од групната фаза во Лигата на шампионите или поточно Колстад се избори за триумф во Битола од 31-22.

Домаќините го имаа почетното водсто, но потоа дојде серијата на гостите од 7-0 по што норвешниот тим ја презема контролата на играта, резултатот и се имаше во свои раце до самиот крај.

Предводникот на „фармецевтите“, Александар Јовиќ му честиташе на противникот за победата, ама во исто време потенцираше дека не заслужиле за претрпат пораз од дури девет разлика.

-Честитки за победата на Колстад. На противникот му посакувам среќа и успех во понатамошните натпревари во ЛШ. Лошо го отворивме натпреварот, имавме голема желба и бевме борбени, но не реализиравме многу зицери. По мојата статистика промашивме девет зицери, а имавме и 3-4 технички грешки. Затоа сметам дека не заслуживме пораз од девет разлика. Овој натпревар треба да биде поука за понатаму и големо искуство. Екипата е речиси нова, и затоа ни треба време. Ова не се алиби за поразот, туку тоа е реалност, -порача Јовиќ.

Наредната средба за македонскиот шампион во елитното натпреварување е на гостински терен против амбициозниот Алборг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни