Поврзете се со нас

Шпанија

Јовиќ повторно на удар на шпанските медиуми: Србинот повторно ги прекрши протоколите

Објавено

на

Лука Јовиќ од ден на ден со своето однесување си создава се поголеми проблеми во шпанската престолнина.

Иако од Реал Мадрид одлучија да му дадат уште една шанса за докажување, Србинот воопшто не се труди да се однесува во склад каков што одговара на играч на „кралскиот клуб“ и редовно ги прекршува протоколите.

Во екот на пандемијата тој без дозвола се врати во Србија, а сега кога на сите фудбалери им е забрането групирање со луѓе кои не живеат, Јовиќ се собра со пријателите на скара во Мадрид.

Токму затоа, шпанскиот весник „АС“ упати жестоки зборови до напаѓачот кој минатото лето пристигна во Мадрид од Ајнтрахт Франкфурт за сума од 60 милиони евра.

– Тоа што Јовиќ го направи е грубо прекршување на протоколот на Ла Лига. Според тој документ, освен тоа што на играчите им е одредено да не може да ги напуштаат своите домови, освен ако не се работи за спорт, на фудбалерите им е препорачано да не доаѓаат во контакт со луѓе со кои не живеат. Значи, правењето скара не е во склад со она што стои во протколот, – стои во дел од текстот на „АС“.

Ќе видиме дали од Реал Мадрид ќе го толерираат и овој испад на Јовиќ или и дефинитивно ќе се одлучат да го стават на трансфер листа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни