Поврзете се со нас

Македонија

Јовиќ по изненадувањето на Пелистер 2: Не е мала работа да се победи Металург

Објавено

на

Вториот тим на Еурофарм Пелистер направи голем подвиг денеска и го победи Металург на домашен терен со 27:26, натпревар кој беше единствен во денешната програма во македонската ракометна лига.

Металург кој беше апсолутен лидер во групата Б со максимален број на остварени победи, денеска го претрпе првиот пораз, со кој тимот на Еурофарм Пелистер 2 практично го осигура својот пласман во главната фаза од Суперлигата во која допрва ќе се приклучат Вардар и првиот тим на Пелистер.

Вториот тим на битолчани славеше во еден тесен дуел со минимални 27:26, а според тренерот Јовиќ, на крајот пресудило борбеното издание на неговиот тим.

– Честитки и за Металург и за мојата екипа за фер и коректниот натпревар. Не е мала работа да се победи Металург, се работи за еден од водечките клубови во нашата земја. Имавме среќа, очигледно кај нив влијаеше изолацијата од десет дена.

– Во овие моменти мора да се снаоѓаме, да тренираме и да играме натпревари во условите кои ги имаме. Имавме лош старт и еден голем плус за моите ракометари е што веруваа дека може да победат. Цела недела се подготвуваме за овој натпревар и цело време потенцирав дека може да загубиме, но не смее да нè надиграат во борбеност, – изјави Јовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни