Јовиќ откри како дознал за трансферот во Реал Мадрид: Тргнав да одам во своето сели, и…

jovic-selta

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ во летниот преоден рок реализираше огромен трансфер потпишувајќи за Реал Мадрид.

Младиот фудбалер за нешто повеќе од 60 милиони евра го замени дресот на Ајнтрахт Франкфурт со оној на Реал Мадрид, а сега откри како дознал дека ќе стане нов играч на „кралскиот клуб“.

– Бев во автомобилот и тргнав да одам во своето село. Ми беше пуштен звукот на телефонот, нешто вибрираше и видов дека на Инстаграм ме означиле од официјалната страна на Реал Мадрид. Не можам да го опишам тоа чувство, бев многу изненаден. Иако јас претходно се договорив со Реал, имаше проблем меѓу двата клуба за обесштетувањето, -изјави Лука Јовиќ на кого засега не му оди најдобро, но бидејќи станува збор за млад фудбалер лесно може да се променат работите во негова полза.

Facebook Коментари