Поврзете се со нас

Германија

Јовиќ одново стрелаше: За седум дена во Ајнтрахт постигна повеќе голови од 18 месеци во Реал! (Видео)

Објавено

на

Лука Јовиќ никако не можеше да се адаптира во Реал Мадрид и да се наметне кај тренерот Зинедин Зидан, проблеми кои сега брзо успеа да ги заборави во седум дена, бидејќи му беше потребна точно една седмица да постигне повеќе голови во Ајнтрахт, отколку за 18 месеци во Шпанија.

Младиот српски голгетер го привлече вниманието на Реал поради страшниот голгетерски инстинкт кој го демонстрираше во Бундеслигата, а кој сега одново го покажува откако беше вратен на позајмица во Ајнтрахт.

Тимот од Франкфурт ова попладне оствари убедлива победа од 1:5 кај Арминија Билефелд, гостување на кое Јовиќ одново доби шанса од клупата со оглед на тоа што потребен му е континуитет со цел да се врати во посакуван ритам за цели 90 минути.

Сепак, тоа не му сметаше одново да се запише во листата на стрелците, па во седум дена во Ајнтрахт, постигна повеќе голови од цела досегашна етапа во Реал Мадрид каде погоди само двапати.

Јовиќ денеска ги постави конечните 1:5, а минатиот викенд против Шалке постигна два гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни