СЕХА лига
Јовиќ: Одлична победа, ова е добар старт на моето поглавје

Составот на Еурофарм Работник славеше над Нексе со 27-23 (14-11) и на тој начин го освои второто место во групата А во СЕХА лигата.
Македонскиот вицешампион се престави во одлично издание под водство на новиот тренер Александар Јовиќ кој беше задоволен, среќен што екипата одговори и го испочитува она што претходно било договорено на тренинзите, состаноците.
-Голема победа и одличен старт на моето ново поглавје во кариерата. Одигравме добар натпревар против одличен предводен од еден од најдобрите тренери во лигата, Бранко Тамше. Не одигравме добра одбрана во првиот дел, меѓутоа со одлична енергија и емоција направивме разлика.
-Нашите голмани фатија многу топки, четири пенали и тоа ни даде одлична поддршка да победиме и да го обезбедиме второто место во групата А. Не треба да креваме голема еуфорија, ваквите победи треба да ни станат рутина, -порача Јовиќ.
-Честитки до Нексе за фер натпреварот. Бевме мотивирани, одигравме добар натпревар против квалитетен ривал. Навивачите не поддржаа и мотивираа, не е лесно да се слави против тим како Нексе. Овој триумф треба да ни даде дополнителен стимул за следните предизвици во домашното првенство и СЕХА лигата, -истакна пак голманот Марко Кизиќ.
-
Балканпред 14 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 14 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Англијапред 13 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Балканпред 22 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Светпред 14 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
НБАпред 13 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)
-
Светпред 12 часа
Судија суспендиран откако поништил гол по прегледување на снимка на телефон