Поврзете се со нас

Италија

Јовиќ ја дозна казната за црвениот картон против Монца

Објавено

на

Дисциплинската комисија во Серија А денеска ги одреди казните за фудбалерите, тренерите и официјалните претставници на клубовите, а единствената казна која беше неизвесна беше таа поврзана со Лука Јовиќ.

Напаѓачот на Милан доби црвен картон откако го удри Армандо Ицо на дуелот со Монца, а српскиот напаѓач ќе мора да паузира на два натпревара во Серија А.

Тоа значи дека тренерот Стефано Пиоли нема да смета на Јовиќ на дуелите со Аталанта и Лацио, што не е добра вест за „росонерите“ во моментите кога имаат шанса да ја преземат втората позиција на табелата.

Наполи ќе биде без капитенот Џовани Ди Лоренцо на дуелот со Калјари поради акумулирани пет жолти картони, а позитивно за актуелниот првак е што Ди Лоренцо сигурно ќе биде во составот за дербито со Јувентус на 3. март.

Суспензија добил и директорот на Лацио, Маријано Фабијани, кој не смее да присуствува на стадионите до 20. март, поради заканите и навредите упатени на сметка на судиите на дуелот со Болоња.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни