Поврзете се со нас

Италија

Јовиќ и Иконе во три минути ја оставија Рома со празни раце во Фиренца (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/acffiorentina

Рома влезе во сериозна резултатска криза во домашното првенство и максимално се фокусираше на завршницата во Лигата на Европа, па и денеска стана јасно дека Жозе Мурињо сите сили ги чува за големото финале.

„Волчицата“ настапи со комбиниран тим против Фиорентина и долго имаше резултат кој значеше прекин на лошата серија и остварена победа, но одбраната на гостите не издржа и прими два гола во периодот од 85-та до 88-та минута.

Гостите од Рим поведоа во првиот дел со голот на Ел Шарави, но потоа Фиорентина ги диктираше работите на теренот, па на крајот и заслужено се избори за пресврт во 180 секунди.

Лука Јовиќ беше на вистинско место во вистинско време по скокот на Мандрагора и израмни на 1:1, а потоа Иконе профитираше од лошата дефанзивна реакција на гостите и направи пресврт за 2:1.

Фиорентина со оваа победа се искачи на 9-та позиција, додека Рома остана шеста, но со сериозна закана да биде потисната од Јувентус на седмото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни