Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Јовиќ: „Чкембари“ се најдобрите навивачи на сите ракометни терени, Пелистер ќе ја освои двојната круна во Македонија!

Објавено

на

foto: RK Eurofarm Pelister

Еурофарм Пелистер не успеа да оствари позитивен резултат на соочувањето со Кил во Лигата на шампионите, но одигра еден квалитетен, борбен меч против фаворитот кој мораше да се испоти, потруди за да дојде до целиот плен во Битола.

Бундеслигашот го искористи искуството и знаеше да одговори, да го има последниот збор кога беше најпотребно за конечни на крајот 23-20. Ова издание донесе задоволство во таборот на „фармацевтите“, па тренерот Александар Јовиќ на пресот по натпреварот испрати и порака до нивните главни ривали во домашниот шампионат Вардар и Алкалоид.

-И благодарам на нашата верна публиката која ни даваше поддршка во текот на целиот натпревар, а воедно да и честитам роденденот на нашата навивачка група „Чкембари“ која е најдобрата навивачка група на сите ракометни терени во Европа и во светот.

-Што се однесува до самиот натпревар, се покажавме во добро светло против според мене најдобриот ракометен клуб во Европа. Париравме во текот на сите 60 минути, ни се укажа шанса да избориме реми, можеби и победа. Не успевме, тоа според мене се должи на нашето неискуство, промашивме зицери, направиме две три технички грешки и тоа искусните играчи и големите ѕвезди на Кил знаеја да го казнат. Од овој меч ќе добиеме самодоверба, нашиот пријател е времето. Ние сме нова екипа и ни треба време да се запознаме, вклопиме и направиме добра приказна. Не се сомневам во тоа.

-Ние како тим само ќе растеме. Нашите цели се да ги освоиме двете титули во домашното првенство и со сигурност ви тврдам дека тоа ќе го оствариме. Во Лигата на шампионите да се претставиме како денеска, што подобро светло. Битола како град заслужува да се радува, денеска беше вистински празник на ракометот, -порача тренерот Јовиќ.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни