Поврзете се со нас

Одбојка

Јовица Симовски сака да застане на чело на ОФМ

Објавено

на

Легендата на македонската одбојка, Јовица Симовски е кандидат за прв човек на Одбојкарската федерација на Македонија.

Симовски одлучи да се вклучи во трката и да се обиде да дојде до позицијата претседател која во моментов ја држи Петар Јовановски.

-Се кандидирам за претседател на Одбојкарската федерација на Македонија со една цел, а тоа е да се отворат вратите на федерацијата за сите што дале и што можат да дадат придонес за развој на одбојката. Во текот на моето работење ќе бидат вклучени сите што неуморно даваат придонес за развој на одбојката во нашата земја, -порача Симовски.

Утре во Штип е закажано собранието, по што ќе дознаеме дали Јовица ќе ја добие довербата или пак на истата функција ќе остане Петар Јовановски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни