Поврзете се со нас

Франција

Јоветиќ со „бомба“ го заокружи пресвртот на Монако против Марсеј (Видео)

Објавено

на

Монако направи пресврт на дербито со Олимпик Марсеј (3:1) од француското првенство, а Стеван Јоветиќ стави точка на неизвесноста со атрактивен погодок во самиот финиш.

Тимот од кнежевството му го расипа дебито на Аркадиуш Милик во дресот на Марсеј, а полскиот репрезентативец влезе во игра во второто полувреме и не остави позитивен впечаток, не само во нападот, туку и со покривањето при прекините по кои Монако направи пресврт.

Олимпик Марсеј поведе рано, уште во 12. минута со голот на Радоњиќ, а Монако израмни во 47. минута со голот на Марипан.

Пресвртот беше заокружен во 75. минута, кога повторно од корнер Монако реализираше, овој пат преку Тшуамени, кој ја искористи лошата реакција на одбраната и голманот Манданда.

Во судиското продолжение дојде и најубавиот фудбалски момент, а тоа е голот од слободен удар на резервистот Стеван Јоветиќ, кој испрати „бомба“ во голот на Марсеј и ги постави конечните 3:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни