Поврзете се со нас

Одбојка

Јовановски реизбран за претседател на одбојкарската Федерација

Објавено

на

blank

Иако одредени медиуми најавуваа промена во раководните структури во македонската одбојка, денешното официјално Собрание кое се одржа во Штип ни донесе сценарио според кое актуелниот претседател доби нов мандат.

Легендарниот Јовица Симовски се издвои како сериозен кандидат за најодговорната функција, но наместо неизвесност, делегатите во Собранието му изразија мнозинска поддршка на Петар Јованвски кој и официјално е старо-нов претседател.

Од вкупно 21 делегат, 17 изгласаа за Јовановски, па така досегашниот прв човек на Федерацијата ќе ја води македонската одбојка и во наредните четири години.

– Минавме тешка деценија, во којашто дојдовме до историски успеси. Се разбира дека минатото нема да важи ако не работиме на остварување на новите цели. Искрено ви велам дека не беше лесно, напротив, но знам дека отсега ќе биде полесно за сите.

– Се разбира дека рбет на македонската одбојка ќе остане машката сениорска репрезентација. За да останеме позитивна приказна, а со тоа да дадеме шанса за развој на клубовите, потребен ни е континуитет во учествата на европските првенства. Веќе почнавме да работиме на промената на генерации во машката сениорска репрезентација, а ќе почнеме и процес на ревитализација на женската. Покрај организацијата на ЕП за младинки во 2022-ра, наша желба е да добиеме група и за машкото сениорско Европско првенство во 2023-та. Учествата на балканските шампионат, исто така, ќе продолжи, – изјави Јовановски.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни