Поврзете се со нас

Македонија

Јовановски правеше чуда на голот, Академија Пандев го освои Тетово

Објавено

на

Академија Пандев продолжува да прави притисок за врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига, откако попладнево славеше на гости во Тетово кај незгодната Ренова.

Во директната битка за второто место на табелата, гостите од Струмица победија со 1:2 и му избегаа на ривалот цели шест бода, односно во моментов имаат само еден помалку од првопласираниот Шкупи кој допрва треба да го одигра својот меч од новото коло.

Осман Маронг постигна прв гол во дресот на Академија и пред крајот на првиот дел им донесе водство на „пандевци“, а голема заслуга за тоа што резултатот остана непроменет по 20 минути игра во вториот дел имаше Марко Јовановски.

Голманот на Академија Пандев одбрани три удари во период од десетина секунди и ја сочува својата мрежа, па по налетот на Ренова, следеше гол на сензационалниот Мирчевски кој не прекинува да ги тресе мрежите во првата лига.

Со неговиот гол за 0:2, гостите ја осигураа победата, а во самата завршница, Селмани постигна почесен гол за подостоен пораз на Ренова.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни