Јовановски и Николовски предводници на турнирот во Гази Баба

teodor jovanovski kiril nikolovski

Теодор Јовановски и Кирил Николовски со по 4 поени од 4 партии беа најуспешните млади шахисти на турнирот организиран за децата од шаховската школа на ИМ Дејан Стојановски, а поддржана од ШК Алкалоид, која што функционира во Општина Гази Баба, од оваа година во ОУ „Наум Наумовски Борче“.

Јовановски (14) и Николовски (10) на крајот изиграа и ревијален блиц-меч за да го решат победникот, при што славеше повозрасниот од нив двајцата. Јовановски пред еден месец победи на ревијалниот блиц турнир „500 години Куманово“, додека Николовски минатиот викенд беше петти на турнирот „Державин 2019“ во Битола, воедно најдобар во конкуренција до 10 години. Сепак, честитки заслужија сите 20 учесници, меѓу кои имаше и неколку ученици од другите школи на шхистите од „Алкалоид“.

Најавено е дека на крајот од ова полугодие, учениците од школата на ИМ Дејан Стојановски ќе учествуваат на симултанка против актуелниот селектор на шаховската репрезентација на Македонија, велемајсторот Роландо Кутиров.

Турнирот беше организиран со поддршка на Општина Гази Баба, за што „Дерби“ во посебен текст доби информации за нови, натамошни инвестции во популарицација на древната игра, токму на нивна територија.

chevron-right chevron-left

Facebook Коментари