Поврзете се со нас

Зимски спортови

Јовановски и Тркаљанов се изборија за историја во македонското пара-алпско скијање (Фото)

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/mkdski.mk

Македонската скијачка Федерација со огромно задоволство го поздрави подвигот на двајца наши пара-алпски скијачи, односно историскиот настап и потфат на едни наши претставници на големо натпреварување.

За првпат во постоењето на македонскиот пара-спорт, Зоран Јовановски и Вангел Тркаљанов имаа можност да го претставуваат македонското знаме на една голема ФИС трка, онаа во австрискиот ски-центар Зурс која се одржа изминатиот викенд.

Трката која се возела во саботата на 7-ми декември е историска за нашето пара-алпско скијање, бидејќи Јовановски ги освоил првите поени, а Тркаљанов храбро се борел да ја заврши истата.

–  За прв пат во историјата на македонскиот пара спорт, Зоран Јовановски и Вангел Тркаљанов имаа можност да настапат на FIS трки, кои се одржаа на 7 декември во австрискиот ски центар Зурс.

Јовановски на двете трки го освои одличното 7мо место и успеа да ги запише своите први FIS поени. Додека пак, Тркаљанов не успеа да ја заврши трката, но покажа исклучителна храброст и посветеност кон спортот. Честитки до нив и нивните тренери Јане Стефанов и Петар Илев за постигнатите резултати, – гласи објавата на ски Федерацијата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни