Поврзете се со нас

АТП

Јотовски загуби од Тепавац во Белград

Објавено

на

Македонскиот тенисер, Томислав Јотовски го претрпе вториот пораз на третиот меч на турнирот во Белград.

Јотовски денеска немаше одговор за Марко Тепавац од Србија кој славеше со 2-0 во сетови со 6-2 и 6-3. Томи има проблеми на свој сервис како во првиот така и во вториот сет и тоа беше пресудно за овој негов пораз.

Со ова воедно скопјанецот го заврши својот настап на шампионатот на Источна Европа. Во оваа група Македонецот славеше над Јандриќ, а освен од Тепавац загуби и од Чачиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни