Јотовски во три сета до второто коло во Хамамет

tomi udar

Најдобриот македонски тенисер на АТП листата, Томислав Јотовски обезбеди пласман во второто коло на ИТФ фјучерсот во Хамамет, Тунис.

На турнирот кој се игра на земјени терени за награден фонд од 15.000 американски долари нашиот ас во првата рунда го победи квалификантот од Италија, Лука Томасето со 2-1 во сетови.

Томи тргна одлично и првиот сет го доби со 6-1, но во иста мера во вториот врати неговиот противник. Во решавачката рунда која траеше 1 час и 13 минути,  Јотовски поведе со 4-1, ама потоа му дозволи на Италијанецот да израмни на 4-4 за да на крајот оваа исцрпувачка битка заврши со 7-5 во полза на Македонецот.

Во следната фаза Јотовски (осми носител) ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Пети (Франција) и Фермосел (Шпанија).

Facebook Коментари