Поврзете се со нас

АТП

Јотовски успешно одговори на вториот предизвик во Белград

Објавено

на

Македонскиот тениски рекет, Томислав Јотовски ја забележа првата победа на турнирот во Белград.

Вчера Јотовски во драматичен и возбудлив меч загуби со 2-1 во сетови од Никола Чачиќ, но денеска нашиот ас едноставно го збриша домашниот претставник Дарко Јандриќ. Скопјанецот славеше со 2-0 во сетови со 6-1 и 6-3 за еден ипол час игра.

Томи својот настап во групата Х на шампионатот на Источна Европа ќе го заврши со дуел против 26-годишниот Марко Тепавац кој е на 426 позиција на АТП листата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни