Јотовски успешно ја реши првата пречка на турнирот во Анталија

tomi

Најдобриот македонски тенисер на АТП листата, Томислав Јотовски ја мина прва пречка во поединечна конуренција на ИТФ фјучерсот во Анталија (Турција) што се игра за награден фонд од 15.000 американски долари.

Скопјанецот беше поуспешен од домашниот рекет, 19-годишниот Ерги Киркин со 2-0 во сетови со 6-4 и 6-2 во гејмови. Со овој триумф Томи обезбеди пресметка со словенечкиот квалификант Ник Разборшек кој во моментов е 818 на светот.

Во игра на двојки Јотовски и Нерман Фатиќ (Босна и Херцеговина) доживеаа пораз од холандската комбинација, Мик Велдхер и Марк Дајкхаузен со 2-0 во сетови (6-3, 6-4).

Facebook Коментари