Јотовски успешно го отвори турнирот во Хамамет

jotovski

Томислав Јотовски имаше успешен старт во поединечна конкуренција на ИТФ фјучерсот во Хамамет, Тунис што се игра на земјени терени за вредност од 15.000 американски долари.

Најдобриот македонски тенисер во првата рунда беше подобар од квалификантот од Колумбија, Жорди Муњоз-Абреу со 2-0 во сетови. Точно 1 час и 12 минути му беа потребни на Томи да го среди ривалот, првиот сет беше израмнет и заврши со 6-4, додека во вториот нашиот ас имаше комплетна доминација (6-2).

Во втората рунда Јотовски ќе се сретне со Дује Кекез кој е негов дубл партнер на овој турнир.

Facebook Коментари