Јотовски тргна победнички и во сингл на фјучрсот во Австрија

jotovski

По вчерашната победа во игра на двојки, нашиот најдобар тенисер Томислав Јотовски денеска славеше и во сингл на ИТФ фјучерсот во Крамзах, Австрија кој е со награден фонд од 15.000 американски долари.

Томи како втор носител обезбеди триумф над домашниот рекет Филип Шрол со 2-0 во сетови. Во првиот сет се играше тај-брејк кој Јотовски го доби во своја полза со 7-4 за да во вториот со убедливи 6-1 го затвори мечот што траеше точно 1 час и 34 минути.

Следен предизвик за Македонецот е 21-годишниот Фермин Тенти (Аргентина) кој во моментов го зазема 1424 на АТП листата.

Facebook Коментари