Јотовски супериорно до четвртфиналето на турнирот во Нови Сад

tomi jotovski

Најдобро рангираниот македонски тенисер на АТП листата, Томислав Јотовски ќе игра во четвртфиналето во поединечна конкуренција на ИТФ фјучерсот во Нови Сад (Србија) што се игра на земјени терени за награден фонд од 15.000 американски долари.

По вчерашната победа над Душан Рајиќ, нашиот ас денеска го „столчи“ Џејмс Фроли од Австралија притоа препуштајќи му само три гејма (6-2, 6-1) на теренот број два. Сега за Томи кој е четврти носител следува битка со 19-годишниот Ерги Киркин од Турција кој го држи 805 место на АТП листата.

Вториот македонски претставник, Горазд Србљак не успеа да дојде до осумте најдобри, односно загуби од седмиот носител Марко Миладиновиќ со 6-3 и 6-4.

Facebook Коментари