Јотовски среди уште еден домашен тенисер за четвртфинале во Хамамет

tomi

Првиот македонски тенисер на АТП листата, Томислав Јотовски обезбеди четвртфинале на ИТФ фјучерсот во Хамамет, Тунис што се игра на земјена подлога за вредност од 15.000 американски долари.

Томи на теренот број три со 2-0 во сетови со 6-2 и 6-3 беше подобар од домашниот рекет Мохамед Али Белалуна по еден час игра. Ова значи дека нашиот ас ќе се бори за полуфинале против 19-годишниот Серхи Перез Контри од Шпанија кој е 1055 на АТП листата.

Што се однесува до настапот во двојки, Јотовски и Милош Николиќ не успеаја да направат изненадување во четврфиналето иако им  пружија сериозен отпор на првите носители Бортолоти и Оклепо од Италија (7-6, 6-4)

Facebook Коментари