Јотовски и Србљак ја скокнаа првата пречка на турнирот во Добој

tomi jotovski

Македонските тенисери, Томислав Јотовски и Горазд Србљак ја минаа првата пречка во поединечна конкуренција на ИТФ фјучерсот во Добој, Босна и Херцеговина кој се игра на земјени терени за 15.000 американски долари.

Првиот македонски рекет, Јотовски со 2-0 (6-3, 6-0) во сетови беше подобар од Дејн Пропоџија од Австралија, додека пак Србљак кој до главната фаза дојде преку квалификациите славеше над Лука Превосто од Италија со 2-1 во сетови (1-6, 6-4, 6-3).

Нареден противник за Томи ќе биде Германецот, Хиршмилер, додека Горазд ќе се соочи со четвртиот носител Гинард.

Во двојки пак оваа македонска комбинација загуби од Фатиќ и Целебиќ со 2-1 во сетови.

Пораз во сингл пак денеска претрпе Стефан Мицов кој одлично се бореше против четвртиот носител Мануел Гинард, ама по два часа битка се „предаде“ со 4-6, 6-3 и 6-0.

Facebook Коментари