Јотовски и Србљак испорачаа чисти победи на турнирот во Нови Сад

gorazd doboj

Македонските тенисери вчера брзо го завршија настапот во игра на двојки, но денеска ситуацијата беше поинаква и нашите двајца претставници Томислав Јотовки и Горазд Србљак остварија чисти победи во поединечна конкуренција на фјучерсот во Нови Сад (Србија).

Јотовски кој ја има улогата на четврти носител беше поуспешен од домашниот рекет Душан Тајиќ со 2-0 во сетови со идентични 6-4 и 6-4, односно со оваа победа дојде до втората рунда во која се ќе сооочи со Џејмс Фроли од Австралија.

Србљак пак славеше убедливо над Максим Тихомиров од САД со 6-2 и 6-0 на теренот број пет, па така закажа пресметка со седмиот носител Марко Миладиновиќ (Србија) кој е 797 на АТП листата.

Фјучрсот се игра на земјена подлога за вредност од 15.000 американски долари.

Facebook Коментари