Јотовски се разбуди во вистински момент и обезбеди четвртфинале во Крамзах

jotovski

Македонскиот тенисер, Томислав Јотовски ќе игра во четвртфиналето на фјучерсот во Крамзах (Австрија) што се игра на земјени терени за награден фонд до 15.000 американски долари.

Јотовски денеска по голема борба која траеше скоро три часа славеше над Аргентинецот, Фермин Тенти со 2-1 во сетови. Томи кој воедно е втор носител на турнирот одлично го започна мечот и првиот сет го доби со 6-1, но јужноамериканецот возврати во ист стил во продолжението (6-3) со што израмни на 1-1 во сетови.

Во решавачката битка Аргентинецот воден од претходниот сет дојде до 4-2 во гејмови и беше на чекор до победата. Меѓутоа од тој момент Јотовски се разбуди и со четири гејмови во низа дојде до триумф од 6-4 и пласман меѓу осумте најдобри.

Овој ден за Македонецот не е завршен, бидејќи заедно со Нерман Фатиќ ги очекува настап во двојки против четвртите носители Киркин и Дуда.

Facebook Коментари