Јотовски по три часа попушти во Хамамет

jotovski

Најквалитетниот македонски тенисер, Томислав Јотовски доживеа пораз и во поединечна конкуренција, а со тоа воедно го заврши настапот на фјучерсот во Хамамет, Тунис.

Вчера нашиот ас во комбинација со Милош Николиќ (Србија) загубија на стартот во дубл, а пак денеска Томи по три часа игра попушти во првата рунда во сингл пред Николо Туркети од Италија.

Туркети победи со 2-1 во сетови со 6-4, 5-7 и 6-3, во меч во кој севкупно освои повеќе поени (100-92) и имаше повеќе брејк топки (8/14 наспроти 6/11).

Facebook Коментари