Јотовски по два часа „падна“ во Тунис

jotovski

Македонскиот тенисер, Томислав Јотовски доживеа пораз во второто коло во поединечна конкуренција на турнирот во Хамамет, Тунис кој се игра на земјени терени за награда од 15.000 американски долари.

Томи како осми носител загуби од 22-годишниот Французин, Габриел Пети (874 на АТП листата) со 2-1 во сетови. Мечот траеше два часа и 15 минути, временски интервал во кој првиот сет го доби Пети со 6-0, потоа Томи врати со 6-4 по што решавачката делница му припадна на Габриел со 6-4.

Facebook Коментари