Јотовски падна на последниот испит во квалификациите во Тунис

jotovski

Македонскиот тениски рекет, Томислав Јотовски не успеа да избори пласман во главната фаза на ИТФ фјучерсот во Табарка (Тунис).

Јотовски го победи Чунгу од Црна Гора со 2-1 во сетови (6-4, 1-6, 10-6) за да потоа дојде последниот квалификациски испит против Аргентинецот, Франко Феит, испит кој не го положи губејќи ја таа средба со 5-7, 6-1 и 3-10.

Овој фјучерс се игра на земјена подлога, а наградниот фонд е 15.000 американски долари.

Facebook Коментари