Јотовски обезбеди место во главната фаза на турнирот во Табарка

jotovski

Македонскиот тениски рекет, Томислав Јотовски ги мина квалификациите и ќе игра во главната фаза во поеднинечна конкуренција на ИТФ фјучерсот во Табарка, Тунис.

Нашиот Јотовски на патот до посакуваниот дел беше подобар од Мерино од Перу (2-0) и Ингарао од Италија (2-1). Во првото коло Томи ќе се соочи со младиот Ерик Калагуер од Бразил.

Инаку овој фјучерс се игра на земјена подлога за вредност од 15.000 американски долари.

Facebook Коментари