Јотовски обезбеди четвртфинале во двојки на турнирот во Тунис

jotovski i radojkovic

Македонскиот тенисер, Томислав Јотовски по вчерашната победа во поединечна конкуренција денеска се радуваше и на триумф во двојки на фјучерсот во Хамамет (Тунис).

Нашиот најдобар рекет во комбинација со Милош Николиќ од Србија славеа над Шпанците, Рафаел Изкиердо Луке и Николас Алварез Варона со 6-1 и 7-5 во сетови по еден час и шест минути игра на теренот број пет.

Ова значи дека Томи ќе продолжи со настапите во двете конкуренции, во сингл нареден противник му е Белалуна од Тунис, додека пак во дубл заедно со Николиќ ќе се соочи со првите носители Оклепо и Бортолоти.

Facebook Коментари