Јотовски не успеа да се справи со третиот носител во Анталија

tomislav jotovski

Томислав Јотовски успешно ги мина квалификациите, но падна во првата рунда од главната фаза на ИТФ фјучерсот во Анталија (Турција) што се игра за награден фонд од 15.000 американски долари.

Македонскиот рекет не успеа да се справи со третиот носител, Павел Неједли од Чешка кој славеше со 2-0 во сетови. Дуелот на теренот број шест траеше точно 1 час и 32 минути, а Чехот победи со 6-3 и 6-2 во гејмови.

Сега на фјучерсот остана само Горазд Србљак кој во второто коло ќе се соочи со Марвин Нетушил од Германија кој е четврти носител.

Facebook Коментари